13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВучиќ: Патријархот Иринеј е интубиран, се наоѓа во тешка состојба

Вучиќ: Патријархот Иринеј е интубиран, се наоѓа во тешка состојба

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека патријархот на Српската православна црква Иринеј е „во тешка здравствена состојба, но дека, фала му на Бога, е жив“.

Вучиќ вечерва изјави дека патријархот Иринеј се наоѓа во тешка состојба.

По полициската вежба „Обрач 2020“, Вучиќ, запрашан за здравствената состојба на патријархот, кажа дека патријархот се наоѓа во „не лесна состојба“

– Фала му на Бога, жив е. Тој беше во подобра состојба пред три часа. Сега таа ситуација е тешка. Пред 55 минути тој беше интубиран – кажа Вучиќ и додаде дека лекарите се борат за животот на патријархот.

Според Горан Стевановиќ, директор на Инфективната клиника, патријархот е во црвената зона.

– Тие се обидуваат да му направат дренажа на белите дробови, додека патријархот е интубиран, бидејќи тоа не било можно порано. Лекарите го вртеле од левата на десна страна – објасни Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека е тешко да се предвиди било што, освен сите да се молат на Бога.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...