7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВевчанци бараат помош од државата за масовно тестирање и строги контроли на...

Вевчанци бараат помош од државата за масовно тестирање и строги контроли на изолираните, од центарот за јавно здравје викаат Вевчани е новиот Вухан?!

spot_imgspot_img

Во врска со ситуацијата која сите сме затегнати, се огласи и претседателот  на ВМРО-ДПМНЕ ОК Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски.

Во целост ви го прикажуваме неговиот статус во врска со Ковид 19:

🗣️ Не сум ни малку стручен да говорам на оваа тема, ама сум многу загрижен со состојбава предизвикана од Ковид 19 во Вевчани.
Да не бидам ни погрешно сфатен, не ми е целта на обраќањево политичка.
Само си земам за право да споделам информација и да упатам апел и мое мислење базирано на мое истражување како се справуваат со жаришта во некои држави.
А да пишам ме поттикна вчерашната посета на Центарот за јавно здравје – Охрид. Таму ми рекоа дека Вевчани е Вухан, дека сите сме позитивни, освен оние што нѐ се тестирани.
Оттука, ја користам оваа можност да упатам апел до надлежните и оваа состојба да ја дигнат на повисоко ниво, на Вевчани потребна му е помош од државава:
1️⃣ Да се огранизира бесплатно масовно тестирање во Вевчани;
2️⃣ Масовна изолација;
3️⃣ Строга контрола на изолираните.
Само на таков начин ќе се стави состојбава под контрола, ќе се воспостави некаков ред, а со тоа ќе им се помогне и на нашите здравствени работници од Здравствениот дом “Д-р Светозар Чочороски” Вевчани, кои неуморно се борат неколку месеци, да можат да посветат внимание на случаите кои се со потешка клиничка слика.
Придржувајте се до препораките и чувајте се!

 

🗣️ Не сум ни малку стручен да говорам на оваа тема, ама сум многу загрижен со состојбава предизвикана од Ковид 19 во…

Posted by Ѓорѓи Влајнкиноски on Saturday, November 21, 2020

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...