13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаБерберот Али и не бил толку хуман како што си мислевме: Мемиши,...

Берберот Али и не бил толку хуман како што си мислевме: Мемиши, Али собираше донации за нашето бебе кое почина, не сме сигурни дека ни ги даде сите бидеќи парите стигаа на негова лична сметка!

Се случува ли мега скандал со злоупотреба на донации, или некој сака да го оцрни името на Али Февзи, човекот што неодамна беше избран за маж на годината поради неговата ангажираност во помагањето на семејствата кои доживеале несреќи и се социјално ранливи?!

Ова прашање го наметна семејството Мемиши од Шутка, кое обвинува за злоупотреба на нивната семејна трагедија, во која почина нивната неколкумесечна ќерка Медина. На денот кога го закопале нивното петмесечно бебе Медина, за кое хумани граѓани уплаќале пари на сметка претставена како сметка за донации, освен тоа што се ожалостени, поминуваат и низ финансиски перипетии. Медина се оперирала во Турција, за жал неуспешно и бебето починало.

Трошокот за патот и престојот го покрил Фондот за здравствено осигурување, односно државата, но сепак донации се собирале за пасош на бебето и за партиципација и тоа на приватна сметка на хуманитарецот Али Февзи.–Многу ми е срам што веќе на болно и починато дете за ова зборувам. Меѓутоа, јас немав трансакциска сметка и Али ја објави неговата за да се собираат пари за нашето бебе, Медина, која за жал откако ја однесовме во Турција, почина на операцијата. За операцијата и патот, средствата ги покри Фондот. Побаравме Aли да ни ги покаже изводите од трансакциската сметка за да видиме кој се донирал и колку, меѓутоа, ни рече дека шифрите биле тајни податоци и дека не може да добиеме такви изводи, но и дека не пристигнале голем број донации. А ние знаеме за над 300 фунти кои биле донирани само од едно лице од странство. Бараме сите пари што легнале на таа сметка да ни се дадат, односно да отидат за намената, зашто сакаме да направиме споменик за бебето, имаме многу муслимански обичаи исто така, споменик може да се направи и после 8 дена. Добивме дојава дека ако престанеме да се буниме, ќе ни дадат 200 евра, не уценуваат, изјави за ,,Слободен печат” Клаудија Мемиши, мајка на починатото бебе за кое се собирале донации.
Проблемот е во тоа што, како што тврдат мајката и таткото на бебето, не се сигурни дека донираните пари за нивното бебе биле собирани законски и правилно. Се плашат дека имало многу повеќе донации отколку што Али Февзи им кажал, а се жалат и дека не можат да добијат увид во изводите од банкарската сметка на која легнувале приливите, зашто станува збор за приватна трансакциска сметка на физичко лице, а не за сметка на здружение.

Февзи пак, за ,,Слободен печат” комплетно ги негира обвинувањата и е комплетно разочаран што неговата хуманост е злоупотребена.
Од тие пари што беа легнати на сметката, го извадив пасошот за 4.700 денари во брза постапка. Плативме 12.300 денари за партиципација, купивме храна, цигари, сокче, благодарна беше. И погребот ние го плативме, една жена извади пари од џеб јас треба да и се раздолжам сега. А кој сака да ме клевети и да ме тужи може слободно. Јас кон Господ направив што направив. Кога станав маж на годината, овие ситни луѓе почнаа да ме кудат. Тие бараа самите јас да ја споделам мојата сметка за донации. Мајката беше во болница. Сакав да успее операцијата. Точно е дека јас не сум организација туку физичко лице. Јас сум обичен бербер. Сакаат да ме направат коцкар и измамник но јас никого не оставив на улица. По сите работи што ги направив битни им се парите, а не дали детето почина или не. Ова ми беше големо искуство. Јас како физичко лице на никого не сум му ставил пиштол на чело да му кажам донирајте. Вчера му се јавив на семејството дека утре ќе одам да им ги покажам изводите од банкарската сметка, сите пари што се донирани се дадени, изјави Февзи за ,,Слободен печат”.Тој додава дека поседува докази дека платил и 17.000 денари за погребот на малечката. Проблем настанал и кога на Фејсбук била објавена фотографија од погребот за што семејството не дало дозвола и ја протолкувале како себепромоција за уште повеќе донации.
Извор: Слободен Печат за повеќе информации што се случувало кликнете на следниот линк:https://www.slobodenpecat.mk/traor-vo-semejstvoto-memishi-humanitareczot-ali-sobirashe-donaczii-za-nasheto-bebe-koe-pochina-ne-sme-sigurni-deka-ni-gi-dade-site/?fbclid=IwAR0uTtj-MpnwRcSk5Ik1SARF4cKLY5Oy0w6ccBhE15pg1Elpg5x_8ersz8c

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...