13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаОд последици на Ковид 19 почина и актерот на серијата ''Луд, збунет,...

Од последици на Ковид 19 почина и актерот на серијата ”Луд, збунет, нормален“ Мустафа Надаревиќ. .

Славниот босански глумец Мустафа Надаревиќ денеска почина на 77 години по долго боледување. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот колега Моамер Касумовиќ за локалните медиуми. Надаревиќ, кој живееше во Загреб, имаше карцином на белите дробови, а медиумите од БиХ неофицијално објавија дека се борел и со ковид-19.

Надаревиќ е роден во Бања Лука во 1943 година. Живееше и работеше во многу градови во бивша Југослација, а најголем дел од животот го помина во Загреб.

Театарската кариера ја започна во Загрепскиот театар за млади, а во 1969 му се приклучи на Хрватскиот народен театар. Филмската кариера ја започна на почетокот на 80-те години од минатиот век и имаше улоги во „Татко на службен пат“, „Веќе видено“, „Глембаеви“, „Празник“, „Ничија земја“ и многу други.

Телевизиската публика го памети по улогата на Изет Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...