11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаАпел до семејството: Оваа жена oд Охрид не заслужува да биде оставена...

Апел до семејството: Оваа жена oд Охрид не заслужува да биде оставена во оваа запуштена барака каде што и кучињата бегаат од неа.

Потпаролот на СВР Охрид Стеван Димоски упати апел до семејството на оваа кутра женичка која е оставена од своето семејство на милост и немилост.

Во продолжение ви го прикажуваме неговиот статус:

Упатувам апел до семејството на оваа жена од Охрид, која десеттина дена е исфрлена и оставена од сите, да не дозволат, таа и понатаму да биде бездомник и да „живее“ во оваа напуштена хорор барака, од која, и кучињата ноќе бегаат. Оваа жена, не заслужила таква суровост и бездушност од нејзините, не заслужила да биде оставена на милост и немилост на овој студ и на кучињата, кои ја имаа опколено денеска, кога по добиена информација, отидов на ова место. Упатувам пофалби за брзата реакција по моето јавување, на СВР Охрид, на Итната медицинска помош, на Центарот за социјални работи. Го известувам семејството на оваа жена, дека, благодаарение на реакциите, вечерва, нивниот РОДИТЕЛ ќе има пристоен дом но веќе од утре, ќе мора да реагираат и да си го згрижат РОДИТЕЛОТ. Никој, ама баш никој, без оглед на се, не заслужува ваква судбина, отфрленост и заборавеност.

Упатувам апел до семејството на оваа жена од Охрид, која десеттина дена е исфрлена и оставена од сите, да не дозволат,…

Posted by Stefan Dimoski on Tuesday, November 24, 2020

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...