10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаГо снема и најголемото вештачко езеро во Македонија.

Го снема и најголемото вештачко езеро во Македонија.

Некогаш најголемото вештачко езеро во Македонија, долго 32 км, некаде длабоко и до 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег 400 метри, денеска го нема.

На фотографиите што граѓаните ги споделуваат на социјалните мрежи се гледа само суво дно од она што некогаш беше езеро.

Сакав да фотографирам Езеро Козјак, но фотографирав река Треска со траги од езерото, пишува корисник во групата „Патувања низ Македонија“.

Oд Управата за хидрометеоролошки работи велат дека за ноември под просекот се нивоата на Охридското и Преспанското Езеро, како и на сите реки кај кои денеска се извршени хидролошки мерења.

Драстичен пад и натаму бележат Вардар кај Јегуновце и Велес, Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун. Преполовени се водостоите на Црна Река, Струмица, Крива Река и Лепенец, велат од УХМР.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...