5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСтојанче: Болниците во Македонија ќе бидат обезбедувани со 295 војници и 150...

Стојанче: Болниците во Македонија ќе бидат обезбедувани со 295 војници и 150 полицајци!!

295 припадници на армијата и 150 полицајци се планира да бидат ангажирани во ковид кризата во земјава, рече на денешната прес конференција в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Како што кажа тој, вкупниот број нема веднаш да се најдат распоредени низ државата, туку, бројката е еластична и ќе зависи од потребите на теренот.

– Владата има седница денеска во 12 часот, каде треба да се усвои предлогот и потоа ќе биде даден кај врховниот командант, претседателот на државата, Стево Пендаровски.Претседателот со одлука ќе донесе наредба за ангажман на Армијата како поддршка на полицијата – рече Ангелов.

Тој повтори дека Армијата ќе биде невооружана и исклучиво ќе биде придружба на полицијата за оддржување на редот пред болниците и ковид центрите.

Војниците ќе бидат распоредени во Клиничкиот центар односно таму каде што има голема френкфенција на граѓани. Врз основа на проценка Армијата ќе се рапределува и во другите градови.

Ангелов рече дека во приватните болници нема да бидат распределени војници бидејќи тие имаат сопствено обезбедување.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...