7.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонија(Видео) Заев: Луѓето од Петрич и Струмица зборуваат на ист јазик –...

(Видео) Заев: Луѓето од Петрич и Струмица зборуваат на ист јазик – ние сме толку блиски

spot_imgspot_img

Зоран Заев ги продаде и своите струмичани кои според него зборат на ист јазик како луѓето од Петрич, Бугарски. Според него Југославија и Комунистичката партија на Југославија чиј наследник е СДСМ е највиновна за лошите односи помеѓу Македонија и Бугарија.

 

Ние знаеме за овие луѓе од нашето минато, но не сакам да зборувам многу за тоа, бидејќи не го познавам добро овој дел од историјата. Јас сум личност која гледа кон иднината и сакам да ги видам сите овие позитивни моменти. Кога ни беше тешко, ни беше тешко заедно, кога бевме добри, заедно бевме добри. И да ги најдеме работите што не поврзуваат. Затоа што е должност на сите граѓани, а најмногу на сите нас политичарите, да ги зближат нашите народи, бидејќи многу години ги држеа далеку едни од други. Различни власти, главно за време на поранешна Југославија, пред поранешна Југославија … Но, ние мора да бидеме заедно затоа што сме први соседи. И, треба да ја градиме оваа соработка во средина каде што луѓето се пријатели, се ракуваат. Знаете дека сум од Струмица. Луѓето од Петрич и Струмица зборуваат на ист јазик – ние сме толку блиски. Дали е македонски или бугарски? Каков е, вели Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...