10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаИлија Димовски: Како тргна Зоран Заев уште малку партизаните ќе ги направи...

Илија Димовски: Како тргна Зоран Заев уште малку партизаните ќе ги направи терористи?!

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вечера се огласи преку ФБ, откако премиерот Зоран Заев ги избриша борците од НОБ со гумичка.

Заев вели дека Бугарија не била фашистички окупатор туку некоја администрација имало. Премиерот Заев во интервју за БГ Нес вели дека Бугарите биле тие кои го ослободиле Куманово, Крива Паланка и Скопје од фашистите.

Илија Димовски повика да не му се преќутува на Заев за ова, бидејќи по меѓународно право, ако му помине ова сега на Заев, партизаните ќе бидат терористи и убијци, а не ослободители.

– Да не правиш разлика меѓу дијалект и јазик е страшно…

Но да не правиш разлика помеѓу бугарски и македонски дијалекти е уште пострашно…

Во Струмица и Петрич се зборува исто (слично), ДА, но на ист дијалект… кој е дијалект во/на македонскиот јазик…

Ама и во Делчево и Благоевград (Горна Џумаја) се зборува исто (слично), на ист дијалект, но различен од првиот, оној од Струмица и Петрич… а, пак дијалект од македонскиот јазик…

Ама и во Гевгелија и Гуменџа се зборува исто (слично), на ист дијалект, ама различен од првите два дијалекти… и пак дијалект на македонскиот јазик…

Ама и во Битола и Лерин се зборува исто (слично), на ист дијалект, ама различно од Струмица и Петрич…

Ама и во Дебар и Голо Брдо, исто така…

Па и во Ресен и Пустец, исто така…

Ама па и во Гоце Делчев (Неврокооп) и Драма се зборува на ист дијалект, а различен од првиот… и тој дијалект на македонскиот јазик…

Во македонскиот јазик има многу дијалекти, но е еден јазик…

Ова е наука бре, од Пулевски и Мисирков, преку Васил Иљоски и Антон Панов, преку Кочо Рацин и Коле Неделковски, до Шоптрајанов, Конески и Кепески…

Има ли бре еден да седне да му објасни?

Ќе му преќутите ли пак?

Лилјана Поповска?

Ирена Стефоска?

Илинка Митрева?

Људмил Спасов?

Никола Димитров?

Стево Пендаровски?

П.С. Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против “администрација”, тогаш тоа нив ги прави “терористи” и “убијци”, а не ослободители… ова по меѓународно право…

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...