0 C
Ohrid
петок, јануари 15, 2021
Почетна Македонија Апасиев влезе во жестока расправија со Талат Џафери. (Видео)

Апасиев влезе во жестока расправија со Талат Џафери. (Видео)

Translate (Eng):[gtranslate]

Жестока расправија во Собранието за време на денешната седница меѓу пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и спикерот Талат Џафери.

Од говорницата, Апасиев побара да му бидат дадени 10 минути за да зборува, со што Џафери одби.

„Продолжете ми 10 минути и не го злоупотребувајте трпението на народот. Ова не е процедурално обраќање. Не ми го исклучувај микрофонот, дај ми 10 минути“, му се обрати Апасиев на Џафери.

РЕКЛАМА

Откако се упати кон своето место, Џафери го предудпреди Апасиев, по што пратеникот од Левица се врати да се дообјасни со спикерот.

„Ако доаѓаш да лупаш на маса тука, ова ти е последно укажување. Дојди на координација кога ќе се усогласиш. Јас тука давам збор и одземам збор“, рече Џафери.

Целата караница низ видео:

- Реклами -