5.7 C
Ohrid
вторник, јануари 26, 2021
Почетна Македонија Кутијата за донации, во која граѓаните оставаа пари за хуманитарна помош ограбена...

Кутијата за донации, во која граѓаните оставаа пари за хуманитарна помош ограбена и фрлена во Врдар.

Translate (Eng):[gtranslate]

Кутијата за донации, со која граѓаните оставаа пари за хуманитарна помош во храна од Велес, вчера биле украдена од пред гостилницата „Боем“, а денес е најдена празна и фрлена во реката Вардар, објави непрофитната организација „Нула за гладот во Велес“ на нивниот фејсбук профил. Нивната активност е поддржана и од Општинскиот Црвен крст на Велес.

„На ‘чесниот сторител’ му посакуваме многу среќа и во здравје да си ги троши парите. Веројатно ќе му ги решат сите проблеми. Исто така, му порачуваме дека откако парите ќе се потрошат добредојден е во кујната, доколку е повторно гладен. Ќе му обезбедиме оброк на драго срце“, велат од организацијата и додаваат дека нивната мисија за нула гладни во Велес останува непоколеблива.

Првите шест месеци од акцијата истекуваат во јануари следната година, а планираат нови шест месеци со нови или стари поддржувачи на проектот.

РЕКЛАМА

Кујната која ги снабдува социјално ранливите категории во Велес преку непрофитната организација „Нула за гладот во Велес“ работи од 8 јули годинава, секојдневно обезбедува оброк преку гостилницата „Боем“ за 20-тина лица, а во првите три месеци од работата биле дадени 2,6 илјади оброци. Преку касата за донации пред „Боем“ се обезбедуваа парични донации од граѓани, но имаше и донации во свежи градинарски култури.

Извор:СДК.МК

- Реклами -