14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМВР демантира: Полицајката која стана позната по инцидентот ''Пајак-Служба'' моментно користи годишен...

МВР демантира: Полицајката која стана позната по инцидентот ”Пајак-Служба” моментно користи годишен одмор и нема дадено отказ.

Реакцијата на МВР следи откако Ангелеска, преку социјалните мрежи, се пожали дека е цел на мобинг, објавувајќи дека дала отказ
МВР се огласи доцна попладнево со демант дека полицајката Јасмина Ангелеска, која имаше недоразбирање со некогашниот функционер на ДУИ Бекир Асани, си дала отказ.

Според МВР, полициската службеничка, која се појави во јавноста по инцидент со пајак-службата, моментно користи годишен одмор и до Одделот за правни работи на БЈБ досега не е стигнато барање за прекин на работниот однос.

„Во врска со објавата на Ј. А. на социјалните мрежи, ве известуваме дека истата во моментот користи годишен одмор и до Одделот за правни работи на БЈБ досега не е стигнато барање за прекин на работниот однос. Во Одделот за внатрешна контрола и професионални истраги од Ј.А. до сега не е пристигната претставка ниту пријава за мобинг на работното место.Како и секој граѓанин, така и Ј.А, доколку смета дека и се повредени правата од работниот однос или друг вид на незаконито и непрофесионално постапување на било кој полициски службеник, случајот може да го пријави во Одделот за внатрешна контрола“,

соопштија од МВР.
Реакцијата на МВР следи откако Ангелеска, преку социјалните мрежи, се пожали дека е цел на мобинг, објавувајќи дека дала отказ.

„Со години покажуваат сила врз работниците и професионалците, на штета на МВР, хранејќи си го гладното, мизерно его. Во МВР е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови. За жал, и на тие неколку што сакавме да работиме не ни дозволија. Тој систем повеќе не можам да го поднесам, кога дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте.Не е голема работа дека јас сум си заминала. Се ќе биде исто и без мене, се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму, ама друго ме плаши,самото незадоволство од сите вработени во Министерството, кои вложуваат, постапуваат, работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди, благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството на граѓаните од полицијата“,

обвини Ангелеска.
Нејзината голгота во МВР почнала по настанот со Асани, од пред две години. Од инспектор водич во сообраќај е деградирана во полициската станица во Драчево, вели за ТВ24 Ангелеска.

„Си заминав во Германија пред неколку недели. Тој настан мене ми донесе многу неправда. После една година јас ‘наградно’ добив решение за во полициска станица Драчево. Не беше само овој ‘моќник’ во државата. Јас против неколку звучни презимиња имав преземени мерки. Најмногу од се ми пречеше хаосот и партиските вработувања и тоа кој се’ може да стане надреден во МВР“,

вели Ангелеска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...