8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Македонија ќе се вакцинираат први административците и медицинските лица.

Во Македонија ќе се вакцинираат први административците и медицинските лица.

Вработени во јавни претпријатија, агенции и фондови ќе имаат приоритет за вакцините против Ковид 19 пред возрасната популација над 65 години. Ова на својот фејсбук профил го објави Венко Филипче со прецизирање дека препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, јавниот транспорт, хронично болните. Дополнителен одговор побаравме и од ресорното министерство, барајќи информација дали имаме изготвен протокол и каков ќе биде редоследот за имунизација. Одговорот идентичен како и фејсбук статусот.

Појавувањето на јавните службеници на приоритетната листа наиде на револт кај граѓани кои коментирајќи му на Филипче, го прашаа од кои причини тие се од суштинско значење и зошто ги делат од приватниот сектор.

Пред две недели во интервју за Сител, претседателката на Комитетот за имунизација не ги смести јавните службеници како приоритет, туку меѓу трите најважни групи покрај медицински лица и војска полиција и логистика се и постарите лица над 65 години.

– Здравствените работници, оние кои се грижат за функционирање на општеството – војска, полиција, пожарникари, логистика и секако оние најризичните – постарите над 65 години и хронично болните.

За вакцинацијата против Ковид 19 здравствените власти ќе бараат помош и од други сектори за транспорт, дистрибуција и чување на вакцините бидејќи планираат набавка на 400 000 дози. Но колку вакцини ќе стигнат на почетокот и кога, засега нема конкретен одговор.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...