2.9 C
Ohrid
вторник, февруари 11, 2025
ПочетнаМакедонијаУапсено момчето кое успеа да украде марихуана од полициската станица во Гевгелија.

Уапсено момчето кое успеа да украде марихуана од полициската станица во Гевгелија.

spot_img

34-годишниот Г.Ј. од Гевгелија вчера бил уапсен за кражба од 29 ноември, кога со употреба на сила влегол во полициската станица во Гевгелија и украл марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.

<

„Пријавениот, на 29.11.2020 во периодот од 03.30 до 04.00 часот, со употреба на сила влегол во просториите на Отсекот за крим-техника при ОВР Гевгелија и одзел 24 суви растенија Канабис сатива и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија Канабис сатива“, се вели во соопштението.

Против него е поднесена кривична пријава за кривичните дела Тешка кражба, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и Загрозување на сигурноста.

Од МВР додаваат дека при претресот во домот на пријавениот во Гевгелија, при што биле пронајдени одземените предмети, тој се однесувал агресивно и им се заканувал на полициските службеници. Бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гевгелија, велат од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Детали за убиството во Чаир: Се скарале во сообраќај па извадиле пиштоли и почнале да се пукаат

На 10.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала...

Пукано во членови на семејство на функционер на ДУИ, едно лице починало, другото е рането

Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што рано изутрина се случила во населбата Топанско поле во Скопје. Според информациите на Канал...

Трајко Славески за синдикалната кошничка: Едно семејство има три, а не четири члена

Професорот и претседатавач со Советот на Град Скопје,Трајко Славески,со објава на Твитер ја оспори синдикалната месечна потрошувачка кошниц, која покажува колку пари се потребни...

Четири лица, од кои тројца полицајци, повредени во сообраќајка кај Струга

Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата...