9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПосле ова слободно можете да ги тужите погребалните претпријатија: Комисијата за заразни...

После ова слободно можете да ги тужите погребалните претпријатија: Комисијата за заразни болести не предложила починатите од коронавирус да се погребуваат во лимени ковчези

Се уште не се знае дали некој ќе сноси одговорност за тоа што на семејствата на починатите од КОВИД им беше наложувано да ги погребуваат своите најблиски во лимени ковчези, со што им беа наплаќани дополнителни трошоци.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека никогаш немало протоколи или пак некаква препорака од Комисијата за заразни болести за погребувањето на починатите од коронавирус да биде во лимени ковчези.

„Ги разгледуваме сите протоколи, имавме дискусија во Комисијата за заразни болести, во ниту еден момент од Комисијата не беше препорачано или било препорачано дека погребувањето треба да биде во лимен ковчег. Таму стојат некои препораки и протоколи во однос на дезинфекцијата и слично, но никогаш такви дека починатите треба да се погребаат во лимени ковчези“, изјави Филипче.

Од Алијанса за Албанците бараат одговорност и отчет од страна на Министерот Филипче, за оваа како што велат скандалозна измама и кражба на граѓаните.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...