13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Ќе имавме 16 модуларни болници ако ВМРО-ДПМНЕ не го блокираше заемот...

Филипче: Ќе имавме 16 модуларни болници ако ВМРО-ДПМНЕ не го блокираше заемот од СБ

Однесувањето на опозицијата, на ВМРО-ДПМНЕ е апсурдно и ирационално и не може да се најде оправдување за нивните постапки, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче во вклучувањето во живо на социјалните мрежи со кандидатот за градоначалник на општина Штип, Сашко Николов од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ бараа парламентарните избори да се одржат есенва, велејќи нема да има нов бран, а сега не сакаат да учествуваат на изборите за градоначалник на Штип. Во време на пандемија организираат протести на кои мерките за заштита не се почитуваат, а во исто време велат дека изборите во Штип не биле безбедни за јавното здравје“, порача Филипче.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ со своите постапки работи против заштитата на јавното здравје.

„ВМРО-ДПМНЕ го кочеше заемот за опремеување на 16 болници, ковид-центри. Наместо една модуларна болница кај Инфективната клиника, сега ќе имавме 16 опремени модуларни болници, ако не го блокираа заемот од Светска Банка преку нивната заменик дополнителна министерка за финансии. Сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти. За потсетување, тие го блокираа Законот за заштита на население од заразни болести, го одолговлекуваа неговото носење преку неодговорно однесување во Собранието“ порача Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...