13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата одлучи: Доколку маркетите не обезбедат ред во објектите за спречување на...

Владата одлучи: Доколку маркетите не обезбедат ред во објектите за спречување на ковид, казни и до 2.000 евра !!

Власта со зкон ќе регулира дека дуќаните, маркетите и другите малопродажни објекти, ќе мора да воспоставуваат ред и дисциплина пред своите објекти, со цел да не се создава метеж и да се спречи ширењето на ковид 19 меѓу населението. Во спротивно ќе ризикуваат високи казни.

Ова беше наложено своевремено со Уредба со законска сила, која ќе има важност се до 9 јануари идната година, но од причина што сега веќе земјава не е во вонредна состојба, таа обврска на трговците ќе мора да им се наметне преку закон, или конкретно преку дополнувања на Законот за трговија, кои веќе се во собраниска процедура.

„Мерките за превенција од КОВИД 19 со кои се воспоставува ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари, дуќани и слично, се воведени со Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба. Бидејки одредбите од оваа Уредба со законска сила имаа примена за времетраењето на вонредната состојба, како и 200 дена по престанување на траењето на вонредната состојба, заклучно со 9 јануари 2021 година., истата ќе престане да се применува“, стои во владиното образложение.

Таму се наведува дека со оглед на фактот што пандемијата на КОВИД 19, не само на територијата на земјва, туку и во светски рамки, е во полн ек, со тенденција да зазема се поголем замав, особено во месециве од зимскиот период кои следат, се наметнала потребата мерките за превенција кои се воспоставени со Уредбата, да бидат преточени во законски одредби т.е. да бидат дел од Законот за трговија, со што би се обезбедил континуитет во нивната примена. На овој начин тие не би биле временски ограничени, односно мерките би се применувале се додека трае пандемијата.

Законските дополнувања, како што стои во владиното предлог законско решение, ќе се носат по скратена постапка, со цел да се овозможи континуитет во веќе воспоставениот ред и дисциплина во продажните објекти, воведени со Уредбата со законска сила.

Инспекциски надзор над примената на мерките за превенција од КОВИД 19, согласно Законот за трговија, има надлежност да врши Државниот пазарен иснпекторат

Инаку, согласно законските дополнувања, трговецот на мало во услови на пандемија, ќе биде должен да постави ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот и да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот.

Ознаките ќе треба да се постават на растојание од два метри и тоа пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот.

Во објектите ќе може истовремено да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 10 метри квадратни. Во објектите кои се помали од 10 метри квадратни, може да пазарува само едно лице.

Вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат во објектите во кои се врши трговија на мало, за времетраење на работното време.

Во законот се предвидени и глоби кои не се баш мали.

„Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро и мали трговци и од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за средни и големи трговци, ќе се изрече за прекршок на трговецот ако постапува спротивно на одредбите од овој закон“, се вели во предлог законскиот текст кој треба да го изгласаат пратениците.

Додека, пак, глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе се изрече за вработеното лиц, ако постапува спротивно на одредбите од овој закон.

фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...