10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветПоставен првиот автомат за тестови за Ковид-19.

Поставен првиот автомат за тестови за Ковид-19.

Пред болница во Рига бил поставен автомат за тестови за Ковид-19. Ова е првиот таков автомат во светот и прв од 100 автомати што ќе бидат поставени низ Летонија, пренесува „Ројтерс“.

Автоматот се наоѓа пред универзитетската болница „Полс Страдинс“. Автоматот нуди ПЦР-тестови за брисеви, а техничар подоцна ги собира направените тестови. Резултатите од тестовите се достапни за 24 часа, вели Дидзис Гаварс од лабораторијата „Е. Гулбја“.Со автоматот се елиминира потребата од 2 до 4 медицински работници за правењето на тестовите и се намалува ризикот од зараза, вели Гаварс.

Државата плаќа за тестовите во болницата, но автоматот засега е наменет само за вработените во болницата. Останатите автомати ќе наплаќаат 53 евра за тестирање.

Извор: reuters.com
Насловна фотографија: stradini.lv

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...