11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаКазината со апел до граѓаните: Нема да организираме Новогодишни прослави !!

Казината со апел до граѓаните: Нема да организираме Новогодишни прослави !!

spot_imgspot_img

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС во која членуваат Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел и Апекс Македонија информира дека ги почитуваат сите превентивни мерки предложени од Комисијата за заразни болести и дека во нивните клубови нема да има новогодишни прослави и ќе бидат затворени во перидот од 31 декември 2020 од 22 часот до 1 јануари 2021 година до 10 часот.

„Ние сме претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се спроведуваат сите безбедносни протоколи за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. За време на пандемијата со ковид-19 имаме слух и целосно разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со тешките последици од актуелната здравствена и економска криза“, стои во соопштението од АПИС, откако се ширеа информации дека во казината и обложувалниците ќе се организира новогодишни прослави.

Како општествено одговорни компании, се вели во соопштението, се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра.

„За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата“, се наведува во соопштението од Асоцијација на приредувачи на игри на среќа – АПИС.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...