10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаКазнети автомеханичарски сервиси во Македонија кои се грееле на отпадно масло !!!

Казнети автомеханичарски сервиси во Македонија кои се грееле на отпадно масло !!!

Тим на државни и овластени општински инспектори за животна средина од Скопје и Тетово вчера извршија вонреден надзор во пет автомеханичарски сервиси во Тетово и Теарце.

Сите пет сервиси кои биле предмет на надзор не постапувале соодветно со отпадни филтри и биле задолжени опасниот отпад да го селектираат и предаваат на овластени компании.

Кај два сервиса, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина, е констатирано дека отпадното масло се предава на правно лице што поседува дозвола за транспорт на опасен отпад и утврдено е дека маслото не се гори на овие локации.

Целта на овие надзори била да се утврди начинот на постапување со отпадното масло, заменетите филтри и друг вид опасен отпад.

„Важно е да потенцираме дека само два сервиси од петте кои беа предмет на надзор имаа валидни транспортни формулари кои ги доставија на увид до инспекторите. Тие формулари се пополнуваат при секое преземање на отпадните масла, на нив се гледа количината на отпадното масло, која фирма го презема и каде се носи на третман“, се наведува во соопштението.

Во еден од сервисите, е заклучено во увидот, повеќе тони отпадно масло се складираат на самата локација, односно дека тоа не се предава на правното лице со кое е склучен договор за преземање и транспорт на опасниот отпад.

„Резервоарот за екстра лесно масло за горење што се наоѓа во подрумските простории беше празен, а во моментот на надзорот започна негово полнење од цистерна која пристигна на локацијата. На увид беа доставени податоци за горивото. Беше утврдено дека отпадното масло ниту се гори, ниту се продава и на овластеното лице му беше укажано дека мора да го обнови постојниот договор за транспорт на отпадно масло или да склучи нов во рок од седум дена“, стои во соопштението.

Во два сервиси, каде не биле доставени транспортни формулари за преземање и транспорт на отпадно масло за 2020 година, на локациите истото не се чувало на соодветен начин. Во еден од двата сервиса било утврдено дека отпадното масло се гори.

„Горењето на отпадно масло емитува канцерогени материи. Ова правно лице ќе добие законски утврдена казна“, посочуваат во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.

Надлежност за вршење надзор врз автомеханичарски сервиси имаат овластените општински инспектори за животна средина.

Државниот инспекторат ќе ги задолжи општинските инспектори од цела држава во најкус можен рок да спроведат итни надзори над сите автомеханичарски сервиси за да спречат или санкционираат горење и продавање на отпадно масло.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...