10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВице Заев за Слободен печат: Фабриките за канабис се на моите братучеди,...

Вице Заев за Слободен печат: Фабриките за канабис се на моите братучеди, а не како што кажуваат дека биле мој или на брат ми…

Во родната Струмица семејството Заеви отсекогаш важи за успешно во бизнисот во повеќе сфери, а тоа што постариот брат Зоран Заев е премиер веќе втор мандат го прави уште поинтригантно за јавноста. Семејните бизниси од ваков калибар ги следат и афери, а во центарот на вниманието многу често се наоѓа неговиот брат Вице Заев.

Семејство Заеви неодамна беше обвинето дека дава поткуп од хуманитарна пакети во време на предизборна кампања, што братот на премиерот Зоран Заев, Вице остро го демантира.

-Здружението што го затворија за време на изборите, откако случајот го квалификуваа како поткуп, беше 99 посто финансирано од нас. Околу 8.000 прехрамбени пакети, по 1.000 денари ги направивме од наши средства, не тропнавме на ниту една врата. Дававме храна и хигиенски средства во затвори и народни кујни, во домови за деца без родители, во пензионерски домови. Тоа го правиме во континуитет, не од сега откако е Зоран премиер. Околу 24 милиони денари од нашите фирми имаме дадено донации, откако е почната корона кризата. Доказ дека не се работеше за поткуп е тоа што ниту еден пакет не беше брендиран со наше фамилијарно име ниту со име на партија. Списоците ги добивме од општина Струмица, а тоа беа луѓе кои таму се обратиле за помош. Уште од времето кога беше Зоки градоначалник, имаше многу луѓе што бараа помош, но буџетот на Општината е многу мал, не можеше да им помогне на сите. Уште од тогаш лично им помагавме. Истите луѓе се и сега. За другите градови земавме информации од Црвен крст, од народните кујни и од самите општини. На кризните штабови на општините им ги дониравме сите пакети, а потоа тие сами одлучуваа на кого ќе ги поделат. Во Куманово на пример дадовме 2.500 пакети. Соработувавме и со Црвен крст, потенцира Вице Заев.

Запрашан за едно друго обвинување кое се врзува за неговото име, Вице Заев негира дека поседува фабрики за производство на канабис.

-Фабриките за производство на канабис во Свети Николе и во Валандово се во сопственост на моите двајца братучеди. Ниту јас, ниту брат ми, немаме лиценца за одгледување и производство на канабис. Немаме ниту личен дел во фирмите на братучедите. Дури и тие не се сто проценти газди, имаат партнери од Холандија, Германија и Израел. Не сум безгрешен, ама 90 проценти од работите што ми се ставаат на товар не се точни. Самиот факт што никој не се пожалил дека некого сум рекетирал, дека сум влегол во нечиј бизнис или сум му земал нешто што не ми следува зборува дека јас не сум престапник на законот. И тоа што се зборувало е на база на шпекулација, докази нема. Никогаш не „фаќам врски“. Пред некое време ме казни полиција за неносење маска, и најрегуларно си ја платив, уверува братот на премиерот.

ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...