9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаДржавата ќе вработи нови 500 полицајци...

Државата ќе вработи нови 500 полицајци…

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска најави дека многу скоро ќе биде распишан оглас за најмалку 500 нови полициски службеници.

– Имаме обука што траеше и требаше да биде завршена до крајот на годината, но заради тоа што беше прекината продолжува до март, а од март ќе ни треба нова група на кандидати кои ќе тргнат на обука за полициски службеници, Врз основа на потребите што ги има МВР во наредниот период ќе се распише тој оглас за најмалку 500 нови полициски службеници, информира Спасовски на денешната прес-конференција на која говореше за она што е сработено во МВР во изминатите 100 дена.

Прашан за именувањето на Филип Андов за директорот на КПД Затвор Скопје, министерот Спасовски потенцира дека тоа не е надлежност на министерот за внатрешни работи, ниту е надлежност на МВР.

– Тоа е исклучиво во надлежност на Владата на РСМ и затоа ќе мора сите информации кои ви се потребни да ги побарате од Владата. Инаку, јас не сум член на Комисија за избори и именување во Владата во овој мандат, одговори Спасовски.

На барање на новинарите да одговори на кој начин се бираат овие директори, Спасовски појасни дека заседава Комисија за именувања, дава предлог до Владата, а Владата одлучува.

Упати сите прашања во однос на кој било именуван функционер од страна на Владата да се бараат од вадините портпароли

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...