10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа Новогодишните празници полицијата ќе врши увид во викенд куќите и ќе...

За Новогодишните празници полицијата ќе врши увид во викенд куќите и ќе казнува

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека од следната недела полицијата ќе започне со засилени контроли на викендиците, кои се забранети за издавање заради групирање и не смеат да се огласуваат за таа намена во наредниот период.

непопуларни мерки кои се неизбежни, а пред сè да си помогнеме самите на себе. Имаме оперативна акција во издавањето на викендиците, веќе работат колегите и постапуваме превентивно до издавачите за да знаат со што се соочуваат. Акционите планови се изготвени. Започнуваат засилени контроли од наредната недела и ќе ги има во текот на новогодишната ноќ“, рече Спасовски, а како примери ги спомена Сопиште, Маврово, Струга.

Тој упати апел до издавачите на викенд куќи да внимаваат при издавањето на викенд куќи, а полицијата ќе постапува врз основа на законот.

„МВР ќе постапува врз основа врз основа на законот. Таму каде имаме сознанија дека има групирања на лица, во издадени викенд куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесе пријава. Тоа е кривично дело. Апел до издавачите, колку и да пари добивате за таа вика или викендица за новогодишната вечер, не се доволно за чувството дека ќе допринесете за здравјето на граѓаните. Да помогнеме на лекарите, државата, системот. Сите заедно да ги почитуваме мерките, ќе дојдат моменти на запирање на вирусот и организирање на прослави“, додаде Спасовски.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...