9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗоран Заев: Треба да гледаме на историјата што ја пишуваме денес со...

Зоран Заев: Треба да гледаме на историјата што ја пишуваме денес со Борисов, не на таа во минатото.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев одговори на новинарско прашање да ги коментира последниот развој на настаните во врска со блокирањето на процесот на проширување на ЕУ.

Одговорот на премиерот Заев ви го пренесуваме во целост:

„Она што ние денеска политичарите, јас Зоран Заев, премиерот на Бугарија Бојко Борисов, треба да го имаме во предвид што правиме со таа историја што денеска ја пишуваме?

Што им оставаме на децата и на идните генерации кои што чекаат сега од нас? Дали ќе им оставиме аманет на пријателство, на братство, на заедништво, на европски вредности, на меѓусебно помагање, или ќе ги поделиме и разделиме повторно како во времето на железната завеса?

Наша задача е да одиме напред. Да чекориме напред и јас верувам дека најбрзо можно ќе се создадат услови. Ние не се откажуваме и ќе продолжиме да работиме.

Секако доаѓа период на празници и за време на тие денови веројатно ќе се намалат активностите, а после празниците повторно ќе работиме поинтензивно.

Сакам да ги коментирам реакциите на Словачка и Чешка. Драго ми е што сѐ уште има европско во Европската Унија. Ова го кажувам со доза на горчина затоа што ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Република Северна Македонија.

ЕУ најмалку што смее да направи е да ги изгуби европските вредности и принцип. Се надевам дека тој дух ЕУ ќе продолжи да го испраќа кон нас земјите кандидати за членство затоа што ние немаме друга алтернатива. Како што сум кажал и порано, се надевам дека ЕУ нема да го изгасне светлото во мракот за да не бидеме изгубени.

Таа водилка нашата мотивација и за реформите, и за да бидеме подобри граѓани, за да си ја европеизираме државата, да го средиме правосудниот систем, да имаме сила и енергија да градиме за нашите деца, за идните генерации, да го осовремениме здравството, да ја подобриме уште повеќе инфраструктурата“.

Претходен Вест

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...