6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаТрајановски се сомневал во голем поткуп: Прво запленија дрога во Арачиново, па...

Трајановски се сомневал во голем поткуп: Прво запленија дрога во Арачиново, па дадоа пола милион евра за општина со најмалку заразени од ковид?!

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно?” на Алфа телевизија гостуваше поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.
Трајановски посочи дека Владата работи премногу селективно, односно дека работи со двојни аршини. Според Трајановски не е во ред на Арачиново која што е една од општините со најмал број заразени во Македонија, да добие 500.000 евра за справување со ковид кризата, а општини кои имаат над 1.000 активни случаи на заболени да немаат никаква помош.

– Симптоматично е тоа што ден претходно се случи да се заплени огромна количина дрога за која МВР не излегуваше со информација, за потоа да се види дека истата марихуана од Јосифово, на крајот завршила во Арачиново. Премногу случајности, но и премногу факти кои укажуваат на голем поткуп во Арачиново. Владата и во изминатите три години имаше вакви настани за кои до крај никогаш не се дознаа вистинските информации, туку умешно ги криеа и секој настан го поклопуваа со нов поскандалозен. Тоа е стар пи ар метод на Владата, кој се повеќе се разобличува и за истиот ќе треба да се сноси сериозна одговорност – рече Трајановски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...