4.2 C
Ohrid
недела, јануари 24, 2021
Почетна Македонија Шилегов демантира: Петре Шилегов не му давал по 50.000 денари на адвокатското...

Шилегов демантира: Петре Шилегов не му давал по 50.000 денари на адвокатското друштво Шилегов

Translate (Eng):[gtranslate]

Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќа консултации за правни работи -на
адвокатското друштво Шилегов, објави денеска портпаролот на ВМРО-=ДПМНЕ, Наум
Стоилковски.
„Петре адвокатот го советувал градоначалникот Шилегов за правни работи. И за тоа си
исплаќа по 50.000 денари месечно. Или во просек, Шилегов си потпишува
консултантски услуги сам на себе, за што скопјани му плаќаат околу 10.000 евра
годишно. И тоа Шилегов го прави со години“ вели Стоилковски кој вели дека
Антикорупцисја констатаирала судир на интересни а тој утре ќе презентира и докази.
Шилегов ги демантираше овие тврдења и рече дека Град Скопје и тој како
градоначалник немаат склучено никаков договор, ниту еден денар од градската каса,
како што рече, не е влезен во неговото адвокатско друштво.
„Вистината кога е ДПМНЕ во прашање е секогаш на обратна страна. Јас земам
сопствени пари од моето адвокатско друштво. Уште како пратеник во Собранието
имам склучено договор за консултантски услуги со сопственото адвокатско друштво
кое ме плаќа мене.

РЕКЛАМА
- Реклами -