6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВмро Дпмне: Коските на Конески се превртуваат кога во неговата родна куќа...

Вмро Дпмне: Коските на Конески се превртуваат кога во неговата родна куќа бил Заев

Единствената политика која што Заев знае да ја води се националните отстапки, понижувањата кон македонскиот народ и држава, и националните предавства, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на партијата:

„Јазикот е нашата единствена наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината“ – рекол Блаже Конески. Заев не само што се откажа од се она за кое Конески пишувал, сега коските на Конески се превртуваат да знае дека во неговата родна куќа бил Заев кој исплука се за кое што Коневски пишувал.

-За Заев луѓето од Петрич и Струмица зборат на еден јазик;

-Бугарите се ослободители на Македонија;

-Според Заев имаме заедничка историја со Бугарија, ама и Гоце Делчев е бугарин;

-Македонско малцинство нема надвор од Македонија;

-Заев се откажа од името Македонија;

-Заев ја претвори државата во тезга на која сега се распродава идентитетот на народот;

-Тој сега ја менува историјата и ќе впише уште едно предавство за лажирање на вистината.

-Денес сме во фаза каде на чекор сме да го изгубиме она за кое Конески пишуваше и јазикот македонски и татковината, благодарение на божемното душегрижништво на Заев за овој народ и држава.

Истата историја на која Заев денеска се повикува, но и се обидува да ја избрише од учебниците, но и за кои се труди да ги снема, целосно ќе му пресуди за неговите предавства и лицемерието пред македонските граѓани.

Заев треба да клекне пред великанот Конески и да му се извини што му ги погани делата и ги предаде неговите залагања за татковината.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...