13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПритвор за крушевскиот професор кој извршил полови дејствија врз 15 годишна...

Притвор за крушевскиот професор кој извршил полови дејствија врз 15 годишна ученичка !!

По поднесена кривична пријава од страна на МВР ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 54 – годишно лице поради постоење на основано сомневање дека го сторил кривичното дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 17.12.2020 година околу 10,00 часот, со злоупотреба на својата положба како професор во училиште во Крушево извршил полови дејствија врз детето – оштетена, негова ученичка на возраст од 15 години, која му била доверена заради учење. Кривичното дело осомничениот го сторил напаѓајќи го детето во училница, притоа оштетеното дете го оттурнало од себе и излегло од училницата.

Јавен обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот.

Предлогот беше прифатен, па Судот со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...