31.9 C
Ohrid
четврток, јули 29, 2021
Почетна Македонија И покрај што се починати државата им додели по 100 евра за...

И покрај што се починати државата им додели по 100 евра за купување на домашни производи. !!

Translate (Eng):[gtranslate]

Од Владата велат дека иако законот е донесен на 07.12.2020 година, во меѓувреме доколку почине пензионер, не му се одзема правото за помош, средствата остануваат на семејството.

Пензионери кои починале во последните три месеци од годината се најдоа на списокот на граѓани кои добиле државна помош од 100 евра за купување домашни производи. Семејствата на овие лица се изненадени и не знаат што треба да направат. Дали да ја искосистат помошта од Владата или да ги вратат парите назад. Од Владата не негираат дека овие пензионери се на списокот бидејќи според Законот, помошта се дава за периодот јануари-август 2020 година, односно заклучно со 27 септември годинава, па според тоа на починатите пензионери по овој датум не им се одзема правото за помош, средствата остануваат на семејството.

– Случајно проверив дали мојот дедо пензионер кој почина пред два месеца добил помош од Владата и се изненадив. На дедо ми Владата му доделила ваква помош. Не ми е јасно како тој се најде на списокот, бидејќи навреме ги информиравме во ПИОМ за тоа, дури користевме и солидарна помош која се дава за погреб. Дилемата сега ми е дали да ги користам овие пари или да ги вратам – вели жител на Ѓорче Петров.

РЕКЛАМА

Друг граѓанин чиј татко починал пред еден месец исто така се чуди како тој се нашол на списокот на Владата.

– Сите документи поврзани со смртта на мојот татко се доставени до институциите и многу ми е чудно што оваа информација не стигнала до оние кои одлучуваат и ја исплаќаат оваа помош. Мислам дека после ќе измислат дека ние нешто не сме кажале и ќе бараат парите да им се вратат. Или, можеби, Владата оваа помош им ја дава на пензионерите за 2020 година во која тој беше жив и ни следуваат парите како нивни наследници да ги користиме. Немам доволно информации за тоа и засега очекувам владата или ПИОМ да нè информираат подетално – вели тој.

Директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Билјана Јовановска, вели дека Фондот го има доставено списокот на пензионери кои биле живи и ја остариле пензијата заклучно со 27 септември 2020 година како што е предвидено со Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход.

– Наша обврска беше да го доставиме списокот на пензионери кои оствариле пензија заклучно со 27 септември, односно со месец август годинава. Ние тој список и го доставивме. Значи, пензионерите кои биле починати по овој датум тогаш биле живи и примиле пензија и затоа се на списокот. А дали семејствата на оние кои починале по 27 септември или оние кои починале во август и септември, не можам да кажам. Владата ги обезбедува парите за поддршката на пензионерите со ниски пензии и таа треба да заземе став дали семејствата на овие пензионери ќе можат да ги користат парите или ќе треба да ги вратат. Но, едно е сигурно, парите, доколку по закон им следува поддршката, ќе бидат префрлени на жиро-сметката на пензионерот која е блокирана од банката и е предмет на оставинската постапка – вели Јовановска.

Од Владата не негираат дека на списокот да се нашле и починати пензионери бидејќи рокот за доставување на списоците е до 27 септември кога беше планирано да почне да се реализира мерката. за повеќе детали тука…

Плус Инфо

- Реклами -