10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗабаваМајка му рекла на синот дека неговата сопруга е неуредна – со...

Мајка му рекла на синот дека неговата сопруга е неуредна – со неговиот одговор засекогаш ја замолчел

Понекогаш, мајките обожаваат да се мешаат во бракот на нивните деца.

Еден маж застанал во одбрана на својата сопруга, а неговиот одговор ги изненадил илјадници корисници на социјалните мрежи кои ја прочитале неговата објава.

Знаете и сами колку е тешко, со сите обврски кои жените ги имаат во текот на денот, да одржуваат совршено чист стан, посебно доколку во него живеат и деца. Меѓутоа, совршено уреден дом не е гаранција за среќен брак, порачува Клинт Едвардс, кој го води блогот “No Idea What I’m Doing: A Daddy Blog (Немам поима што правам: Блог на татко).

Имено, кога неговата мајка во телефонски разговор го прашала дали му смета што неговата сопруга Мел, со која има три деца, не ја одржува нивната куќа уредна, Клинт во почетокот не знаел што да и одговори. Тој знаел дека неговата мајка нема намера да биде злобна кон Мел туку само љубопитна, па синот после долго размислување и одговорил на својата мајка, а потоа својот став го споделил и на социјалната мрежа Фејсбук.

Клинт и објаснил на својата мајка (а и на целиот свет) дека чистењето на куќата не е работа само на неговата сопруга.

“Го гледам нашиот брак како партнерство и чистењето подеднакво треба да биде и моја одговорност како и нејзина. Признавам, често сме затрупани со детски играчки, има неизмиени садови во судоперот и насекаде недовршени уметнички проекти. Исто така ќе признаам дека не е чисто како кај мојата мајка, но тоа не ме мачи”, пишува Клинт.

Синот знае дека загриженоста на неговата мајка произлегува од големи очекувања својствени за нејзината генерација, но и тврди дека тоа никогаш не било на листата на пожелни карактеристики за жената со кој би се венчал.

“Не сум размислувал дали мојата сопруга ќе чисти. Мислев за тоа дали ќе ми се допаѓа што има да каже. Мислев за тоа како ќе се чувствувам покрај неа. Мислев дали тоа е она што ќе ме исполни. Тоа ми се допаѓа. Да е мила и внимателна, и да е личност со која би посакал да имам деца”.

Неговиот одговор ги воодушевил корисниците на Фејсбук и предизвикал лавина коментари, посебно делот кој се однесува на конечниот одговор на неговата мајка: “Не влегов во овој брак поради чистата куќа. Влегов бидејќи Мел е некој со кој би можел да го поминам животот”.

Неговата мајка, како што вели Клинт, му одговорила дека веројатно тоа е поважно од чистата куќа. “Да, и јас мислам така”, одговорил Клинт.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...