7 C
Ohrid
среда, декември 6, 2023
ПочетнаМакедонијаФилипче: Бугарија ќе и донира на Македонија дел од секоја пратка на...

Филипче: Бугарија ќе и донира на Македонија дел од секоја пратка на вакцини против Ковид-19

Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја – ова беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше министерот Венко Филипче. Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија јавува 24.

„Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70% од населението. Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините, како и земјите од ЕУ“ – вели Филипче.

Бугарскиот Министер за здравство Костадин Ангелов посочил дека целта на оваа одлука е постигнување солидарност во услови на излегување од кризата, која ја предизвика пандемијата.

„Имаме можност за препродажба и донирање на вакцини против Ковид-19. Во таа смисла, по покривањето на националните потреби и потпишувањето на соодветните спогодби, ќе обезбедиме вакцини за граѓаните на  Северна Македонија“ – рече Костадин Ангелов, министер за здравство на Бугарија

Повеќе во 24 .мк

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласија од партијата на убиецот Палчо: Изразуваме најдлабоко и најискрено сочуство за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

За прв пат, по три дена се огласија од политичката партија „Десна“ откако стана јасно дека нивниот претседател извршил две убиства. Од партијата велат...

Долгогодишни другарчиња: Шоферот на Палчо имал и фотографија со Велибор Манев !!!

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец со иницијали С Д...

Вања Ѓорчевска која беше најдена мртва во неделата во околината на Скопје не починала од задушување

Вања Ѓорчевска која беше најдена мртва во неделата во околината на Скопје не починала од задушување, како што се шпекулираше туку била застрелана, соопшти...

Ова е уапсениот возач на Палчо: Откако бил уапсен детално ги кажал плановите на бегалецот – сам постирал слики на ФБ додека се возел...

Лицето С Д од Струмица татко на две деца е возачот кој го превезувал Љупчо Палевски Палчо осомничен за убиството на 14 годишната Вања,...