10.6 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаБорисов до Филипче: Бугарија со „чисто срце“ ќе донира дел од вакцините...

Борисов до Филипче: Бугарија со „чисто срце“ ќе донира дел од вакцините за Северна Македонија, биез никакви скриени намери

Првите вакцини од Бугарија ќе пристигнат на почетокот на следната година, од „Фајзер“ кон средина на 2021 година.

Бугарија од секоја пратка на вакцините против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и за Северна Македонија. Ова е одлучено на денешната владината седница во Софија, на која учествуваше и македонскиот министер за здравство Венко Филипче. На тој начин вакцините против Ковид-19 наменети за земјите членки на ЕУ, во исто време ќе пристигнат и во Северна Македонија.

-повеќе на темата: Ветувања од сите страни: Кога ќе стигнат вакцините против Ковид-19 на Балканот?

Планот е земјата да набави вакцини преку системот Ковакс, преку земји-членки на ЕУ како Бугарија, Грција и Полска, но и преку директни договори со компаниите производители. Првите вакцини од Бугарија се очекува ќе пристигнат на почетокот на следната година, а од „Фајзер“ кон средина на 2021 година. Засега не се знае прецизно за колкав број на вакцини станува збор.

Пријателски чин

„Бугарија од секоја набавка на вакцини против Ковид-19 ќе одвојува дел за нашата земја, кои ќе ги добиваме како донација“, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференцијата по враќањето од Софија, каде што присуствуваше на седницата на тамошната влада на покана на премиерот Бојко Борисов и на министерот за здравство Костадин Ангелов.

Филипче очекува првите количества вакцини да пристигнат на почетокот на следната година. „Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 отсто од населението“, изјави Филипче.

Станува збор за гест со чисто срце без задкулисни намери, тврди бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тој по средбата порача: „Се надевам дека следната година со Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов ќе пронајдеме заедничко решение за интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ, како што ја поддржавме и за НАТО.dw.com

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...