6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДојче Веле- Македонците купуваат бугарски пасоши за 800 Евра

Дојче Веле- Македонците купуваат бугарски пасоши за 800 Евра

Агенции и поединци на македонските државјани преку огласи им нудат вадење на бугарски пасош во кој потпишуваат дека имаат „бугарски корени“.

Додека односите помеѓу Македонија и Бугарија се заоструваат, посебно откако Софија стави вето на интеграцијата на земјава во Европската унија и го оспорува правото на самоопределување и постоењето на македонскиот јазик, бизнисот со бугарските пасоши е во полн ек.

Посредниците, во улога на агенции или поединци со контакти во соседна Бугарија, за цена од 600 до 800 евра им нудат бугарски државјанства на македонските граѓани, пренесува „Дојче Веле“.

Постапката за добивање на бугарски пасош се одвива во неколку фази, а првата фаза опфаќа поднесување на извод на родени, извод на родители, извод или посмртница на дедо или прадедо, којшто треба да е роден од 1900 до 1918 година.

Во втората фаза, како што открива „Дојче Веле“, се бара лекарско уверение, документ за неосудуваност и копија на пасош. Исто така, од апликантите се бара и документ за докажување на бугарското потекло на претходник на подносителот (мајка, татко, баба, дедо и слично), како и декларација за бугарска национална свест.

„Може да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло или да имате родител – бугарски државјанин. За да добиете бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло, треба да се придржувате кон определена хронологија, односно, прво треба да се утврди вашето бугарско потекло, а потоа да се подадат документи за добивање на бугарско државјанство. Орган кој го утврдува вашето бугарско потекло е Државната Агенција за Бугарите во странство. Подавањето документи за бугарско државјанство пак се врши преку Министерството за правда на Република Бугарија“, откриваат посредниците.

Бугарските власти неодамна објавија и податоци за оваа пракса која трае во последните 10 години. Имено, заклучно со 22 октомври годинава, речиси 78 илјади македонски државјани побарале да добијат бугарски пасош „врз основа на своето бугарско потекло“.

Целиот текст на „Дојче Веле“ можете да го прочитате на овој ЛИНК.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...