14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПознатиот бренд Shell (Шел) влегува на македонскиот пазар.

Познатиот бренд Shell (Шел) влегува на македонскиот пазар.

Познатиот бренд Shell (Шел) влегува на македонскиот пазар. Една од неколкуте безниски станици, како што дознава Фактор, кои е предвидено да се изградат во земјава веќе е во завршна фаза на изградба, а ќе биде оперативна наскоро на новата делница од автопатот Демир Капија – Смоквица.

Брендот во земјава влегува впрочем преку Бест веј оил (Best way oil), компанија која веќе има три бензински станици во земјава – две во Гевгелија односно Смоквица и една во скопска Пинтија. На интернет страницата на Бест веј оил веќе стои дека наскоро ќе бидат отворени бензиски пумпи на нови локации кои ќе работат под брендот Best way oil, Shell coral A.E.

Компанијата Бест веј оил е дел од Бест веј инвестмент групацијата (BWI) зад која стои бизнисменот Сашо Мијалков. Во портфолиото на Бест веј инвестмент освен Бест веј оил се и Девелоп груп, хотел Мериот, Max Bet, ОМ петрол, Поинт оил транспорт, Боречки клуб Јордан Мијалков.

Инаку Coral е грчка компанија која има 760 пумпи кои оперираат под брендот Shell во Грција. Компанијата оперира и во Кипар, а од 2018 година е присутна и во Србија односно има бензинска пумпа Shell во Белград.

Best Way Investment ДООЕЛ пак е компанија основана во 2015-та година. На интернет страницата стои дека главниот фокус се нафтата, угостителството и хотелиерството, игрите на среќа, транспортот и развојот на инфраструктурата.

Фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...