6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаАј пуст да е пуст да ми останал, животот кучешки

Ај пуст да е пуст да ми останал, животот кучешки

Ај пуст да е пуст да ми останал, животот кучешки.
Наутро рано стани си, веднаш маска стави си.
Цел ден дезинфициенс шприцај си,
навечер прсти грицкај си,
дали корончето и тебе те стигнало,
дали ЦРП во крвта се дигнало.
За себе тестој нон-стоп прави си,
за рачуните во “Систина” доживотно заглави си.
Топломерот цел ден стиснат в рака,
исплашен од најмала здравствена мака.
Симптомите и мало дете веќе ги знае,
стравот навистина предолго трае.
Секој затворен сам во своја соба,
нервниот систем ставен на генерална проба.
Сандуци место бидермаери се бројат,
планови за нови ковид болници се кројат.
Ах, пуст да е, пуст да ми останал животот ковидосан.
Не, јас не можам појќе вака да седам,
не јас не можам јадови на луѓето да гледам.
Светот е тажен и тага го обвива,
војната со вирусот не ја добива.
Фајзерова вакцина дајте в рамо да си метнам,
и во старото нормално да си прелетнам.
Стамбол и Солун јас да си видам,
без маска пак човек да бидам.
Да одам во театри, стадиони, кина,
да запеам од среќа дури и на бина.
Годината со Covid што побрзо во заборав да оди,
ново сонце над Македонија да се роди.
Вакцинирани, преболени, чипирани сите збрани,
слободно да се движиме на сите четири страни.

Фб статус на Bekjarovski Niko

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...