13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНајдобар полицаец за 2020 година е Бујар Осамани, додека Далибор Колевски е...

Најдобар полицаец за 2020 година е Бујар Осамани, додека Далибор Колевски е избран за најдобар пожарникар од Територијалната противпожарна единица во Куманово.

Општина Куманово традиционално и годинава им одаде признание на најдобрите пожарникар и полициски службеник во текот на 2020 година.

На предлог на своите колеги, за најдобар полициски службеник е прогласен Бујар Османи од полициска станица за безбедност на патишта и сообраќај при СВР Куманово, додека Далибор Колевски е најдобар пожарникар од Територијалната противпожарна единица.

Тие денеска заедно со своите претпоставени со градоначалникот го испија утринското кафе, кој во име на граѓаните, им подели и скромни подароци.

– Мене ми е чест да седам на иста маса со вас, затоа што во делот на вашите ангажмани професионални активности и врз база на мислење на вашите претпоставени сте предложени за таа престижна титула во градот и воедно сакам и во мое лично име и во име на граѓаните на општина Куманово да ви се заблагодарам за вашиот професионален однос и воедно да испратам порака до сите ваши колеги да ги следат вашите чекори и стапки и на вашите претпоставени воедно да им честитам за вашиот заеднички успех, изјави градоначалникот Димитриевски.

Димитриевски им се заблагодари за активностите кои ги преземаа заедно со Општинскиот штаб за заштита и спасување во однос на справување со коронавирусот и им посака нови успеси и плодна соработка и во иднина.

кумановски муабети.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...