4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаШминката е и за мажи: Ѓоко Сучкоски од Охрид - мејакп артист

Шминката е и за мажи: Ѓоко Сучкоски од Охрид – мејакп артист

Наспроти стереотипите дека шминката е наменета само за женски, Ѓоко Сучкоски од Охрид е еден од ретките, можеби и единствено момче кај нас што нема проблем да стави шминка на своето лице и тоа јавно да го сподели.

МЕЈКАП АРТИСТ КОЈ РУШИ СТЕРЕОТИПИ

Ѓоко има 17 години и е трета година во средно училиште во Охридската Гимназија.
Ѓоко ќе го забележите на Инстаграм поради неговите неверојатно добри вештини за шминкање, но интересно е, што покрај тоа што шминка други, Ѓоко, најновите мејкап трендови ги испробува и на себе, односно тој е и првото и единствено момче кај нас кое се шминка Пишува Женски Магазин

ПРВИОТ ДОПИР СО ШМИНКАТА

– Уште како мал ме интересираше уметноста обожував да цртам и да ги реализирам своите идеи. Креативноста од секогаш ми била мојата добра страна и веројатно од секогаш сонував да работам нешто поврзано со уметност каде што ќе можам да се изразам како што сакам. Случајно открив дека четката и шминката се она што ме прават посреќен од било што и веројатно беше мојата најмудра одлука тоа што во најкраток период истражував и барав деноноќно видеа на интернет, пробував и експериментирав.

 

Едноставно најголемата инспирација беше тоа што со една четка знаев дека можам да направам промена на лицето со што ќе дадам сосема поинаква форма и убавина на лицето. Искрено не бев сигурен на почетокот дека имам талент за шминка, со денови експериментирав и пробував, се сеќавам првата личност која ја шмикав беше мојата братучетка – кој ако не најблиските, тие се секогаш тука за нас уметниците да експериментираме и да ги учиме новите техники со нив.

НЕ МИ ПРЕТСТАВУВАШЕ ПРОБЛЕМ ДА ЕКСПЕРИМЕНТИРАМ СО ШМИНКА НА МЕНЕ

-Овие неколку години ми беше голема желба да почнам да снимам видеа за мејкап и да правам мејкап фотографии, така што и не ми претставуваше некаков проблем да почнам да експериментирам и на мене.

За повеќе детали кликнете на следниот линк од Женски Магазин ТУКА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...