10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМедицински работници останаа со празни раце: И покрај што работале со заразени...

Медицински работници останаа со празни раце: И покрај што работале со заразени на Ковид-19 не ја добија ветената еднократна помош од Филипче !!!

Од 22 илјади здравствени работници во државата само 7 илјади 890 земале еднократна финансиска поддршка за третман на лица заболени од КОВИД-19. Другите 14 илјади останале без помош информираат од самостојниот синдикат за здравство. До редакцијата на ТВ21 пристигнаа неколку поплаки од вработени во здравствени установи. Тие се разочарани бидејќи не се во групата за која следува помош, иако и тие работеле со заразени или суспектни на Ковид 19.

„Многу сме разочарани затоа што секогаш сме биле повеќе од желни да исполниме се што се бара од нас. Да одговориме на сите обврски што ги имаме максимално. Така беше во изминативе 9 месеци. Многу од нас се разболеа на работа, многу од нас бевме во карантин и не можевме да работиме, не покриваа колегите. Навистина сме мал број на луѓе и целата работа ја работевме без одмор. Така беше постојано и се уште е. Кога ни кажаа дека не сме во ниту една мерка навистина бевме разочарани“, вели вработени во „8-ми септември“.

Од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита велат дека во понеделник ќе имаат средба со министерот Венко Филипче за да му укажат дека и на останатите работници треба да им се додели еднократна помош.

„Нашиот став е дека сите здравствени работници кои имале директен или индиректен контакт со заболени со Ковид 19 треба да бидат наградени. Според нас, на сите треба да им се додели барем 5 илјади денари, а за лицата кои имале директен контакт да им се додели 25 илјади денари“, велат од Самостојниот синдикат за здравство.

Тв21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...