10.6 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаСветСо Комбе кои служи како ладилник за дистрибуција на сувомеснати производи беше...

Со Комбе кои служи како ладилник за дистрибуција на сувомеснати производи беше доведена вакцината во Бугарија со полициска придружба.

Со придружба од 4 полициски возила, само 2 часа откако пристигнаа во Софија, Пловдив ги доби првите 1.100 вакцини за ковид од вкупно 9.750 кои пристигнаа во главниот град на Бугарија. Во бугарските медиуми и на социјалните мрежи, пак, главна тема е она што го придружуваа полициските возила – комбето со вакцини, налепено со реклами за виршли и логоа на бугарската компанија за преработка на месо – „Леки“.

Компанијата „Бела Бугарија“ , која е сопственик на комбињата, реагираше на тоа со соопштение во кое порача дека во ваква криза и со ваква ситуација, хуморот е несоодветен.

„Како одговор на барање од „Бул Био“ нашата компанија обезбеди бесплатен транспорт на вакцини во специјализиран ладилник “, соопшти компанијата. Тие додаваат дека нивните возила ги исполнуваат најсовремените европски барања.

„Тие се опремени со најсовремена опрема за ладење, поддржувајќи специјални режими на температура, сензори, термограф, итн. Високиот квалитет на услугите за ладен транспорт на компанијата е гаранција за целосно почитување на условите за брз и квалитетен транспорт на вакцината до точките низ целата земја“, категорични се од „Бела Бугарија“.

“Ние веруваме дека во услови на досега невидена криза во која се наоѓаме во моментов секој е должен да придонесе за нејзино надминување, без оглед на спецификите на неговите активности. Ситуацијата е комплицирана и затоа хуморот е несоодветен”, заклучи компанијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...