-6 C
Ohrid
понеделник, јануари 18, 2021
Почетна Македонија Ексклузивно: Уште еден нов милионер во Охрид остварил добивка од 34 милиони...

Ексклузивно: Уште еден нов милионер во Охрид остварил добивка од 34 милиони евра, но за жал и тој не може да си ги земе парите повторно се работела за системска грешка?!

Translate (Eng):[gtranslate]

Повторно нови главоболки за приредувачот на игри на среќа Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје, од како играч во „СЛ-Клуб“ во Охрид, лоциран во комплекс „Летница“, добил неверојатна добивка на апарати од фантастични 2.147.482.598 или нешто над 34 милиони евра.
Среќниот охриѓанец кој ја добил добивката во СЛ-Клуб на Спорт-Лаиф Трејд ДОО, не ги добил добиените пари од апаратот, со образложение од приредувачот на игрите на среќа Спорт-Лаиф Трејд ДОО, дека наводно повторно се работело за системска грешка во апаратот, и бело наредено веднаш да ја напушти обложовалницата при што веднаш било повикано полиција од страна на среќниот добитник.

Како што дознаваме се работи за наш колега новинар од Охрид за кој наскоро ќе го опише целиот настан на неговиот веб портал, тој исто така открива дека сакале да ја исклучат и струјата во самиот објект, и било побарано да биде изнесен надвор од страна на обезбедувањето, при што тој исто така ангажирал и адвокатски тим целиот овој настан е пријавен и во МВР..
За повеќе инфо за овој настан ќе добиете во наредните денови.

РЕКЛАМА
- Реклами -