0 C
Ohrid
петок, јануари 15, 2021
Почетна Македонија Најдобриот полицаец во град Скопје за 2020 година е Дарко Јовановски

Најдобриот полицаец во град Скопје за 2020 година е Дарко Јовановски

Translate (Eng):[gtranslate]

Најдобриот полицаец во град Скопје за 2020 година е Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“. Во текот на работењето како полициски службеник покажал исклучителна професионалност и одлични резултати поради што го добива и Признанието од Град Скопје .
Јовановски вели дека за него ова е голема чест и привилегија што е избран за најдобар полицаец за 2020 година, и нагласи дека е мотив и во иднина посветено да го одржува јавниот ред и мир, бидејќи полиција е сервис на граѓаните. Тој им се заблагодари на своите колеги за поддршката што ја добива од нив како млад полицаец, што му овозможува успешно да ги извршува секојдневните предизвици и обврски што ги носи неговата професија.

ФБ:Град Скопје

РЕКЛАМА
- Реклами -