6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Тие што нема да ги почитуваат мерките за Нова година од...

Спасовски: Тие што нема да ги почитуваат мерките за Нова година од МВР ќе си добијат кривична.

МВР има посебен акциски план за време на празници, а тоа значи дека секаде и во секој момент ќе има полиција која ќе врши контрола дали се почитуваат мерките, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој не сакаше да зборува за детали од акцискиот план и рече дека доволно е тоа што граѓаните ќе знаат дека во секој момент ќе има полиција на терен. Секој што ќе ги прекрши мерките и ќе биде дел од собири, најави дека ќе добие кривична.

„Секој кој нема да ги почитува мерките, дали е тоа сопственик на вила за издавање или е граѓанин кој учествува во такви настани ќе бидат поднесени кривични пријави со кривична одговорност, заради тоа што директно го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните“,

подвлече Спасовски.
Министерот кажа дека полицијата ќе постапува по пријава или по сознание кое ќе го добие, а ако се утврди дека се случува организиран настан, тогаш се известува јавен обвинител и се постапува врз основа на законот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...