6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВо последните 7 години плаќаме најевтино гориво, догодина цените ќе се стабилизираат.

Во последните 7 години плаќаме најевтино гориво, догодина цените ќе се стабилизираат.

Кризната 2020 завршува со најниска малопродажна цена на горивата во последните 7 години. Литар бензин од 95 октани во моментов на бензинските не може да се продава поскапо од 60,5 денари по литар. 62,5 денари за литар е 98 октанскиот бензин а дизелот чини 53 денари. Во споредба со крајот на минатата година, оваа плаќаме за по 8 денари поевтин бензин и дури 10 денари поевтин дизел за секој литар. Минатогодишната цена на горивата е и највисоката во последните 7 години. Македонците плаќале и по 82 денари за литар бензин на крајот од 2013. Во истата година дизелот чинел 71 денар за литар.

Малопродажните цени на нафтените деривати ги формира Регулаторната комисија за енергетика на седница секој понеделник во неделата. Тие директно зависат од цената на суровата нафта од типот Брент на берзата во Лондон.
Графиконот од таму јасно покажува остар пад на цената на суровата нафта со почетокот на корона кризата на стартот од оваа година. Па така ако на 30 декември лани барел нафта чинел 66,7 долари, неговата цена во април паднала на само 19,33 долари за повторно да се стабилизира на 51,4 долари колку што чинел еден барел вчера. Така се движела и малопродажната цена во Македонија. Оваа година бензинот најевтин бил меѓу 6 и 13 април. 96 октанскиот чинел само 48 денари за литар а 98 октанскиот 2 денари повеќе. Дизелот најевтин бил На 27 април кога еден литар на бензинските пумпи се точел за само 42,5 денари

За годината што следи, првиот човек на регулаторна очекува стабилизација на нафтените пазари но и раст на малопродажните цени.

За повеќе детали на:СИТЕЛ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...