10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЕстрадаПарго, Зоки и King Cold со ново музичко дело насловено како ''Криза''...

Парго, Зоки и King Cold со ново музичко дело насловено како ”Криза” (Видео)

Криза е новата песна на Јордан Трајаноски Парго, Стефан Стојкоски и Зоран Грбиќ.

Песната е снимена на повеќе локации во Охрид.

„ Криза “ е дело на Јордан Трајаноски Парго и Стефан Стојкоски (King Gold) од Охрид и стружанецот Зоран Грбиќ (zokizoc). Музиката, миксот и мастерингот се на Јордан Трајаноски, кој заедно со Зоран Грбиќ го направи и аранжманот. Текстот е на Јордан Трајаноски и Стефан Стојкоски, видеото на Јован Ристески, а видео монтажата на Стефан Стојкоски.

Сите тие спаѓаат во екипата на New Tone.Нема достапен опис

New Tone e музичка продукција создадена од млади лица со желба и талент за создавање, кои ќе внесат свежина на македонската сцена.
Приказната започнува уште пред 2013-та кога Стефан Стојкоски и Бобан Илиевски заедно со Станко Стевановиќ започнуваат да снимаат рап песни под името H2O records , иако сосема аматерски , сепак тоа се првите почетоци и од тука доаѓа идејата. Подоцна на тимот се приклучува и Јордан Трајаноски ( Парго) , а потоа и Арбен Бајрам. Секој член ја сака музиката уште од мали нозе и е со музичка позадина зад себе.

Зоран Грбиќ Зоц(Зоки Зоц) ја сака музиката од мали нозе , како музички образован кадар веќе 4 години е активен на музичката сцена како клавијатурист на Blue Band кои беа во соработка со познатата група 2 бона во која заедничка соработка ги снимаат песните „ Револвер“ и „ Лажи ме “ Зоран сега во соработка со Охридската екипа на New Tone ја снимија најновата „ Криза“ и вели дека ова е само почеток на многу проекти.Нема достапен опис

Јордан Трајаноски Парго еден од создавачите на New Tone се занимава со музика од својата 11 годишна возраст и така се до денес, во продуцентски води влегува уште во своите средношколски денови, Криза е неговата прва професионална песна, а во процес се уште неколку.

Стојкоски Стефан ( кинг конг) со продуцирање рап музика се занимава повеќе од 10 години, а со „мејнстрим “ рап се занимава веќе 2 години. Стефан има соработка и со охридскиот youtuber Wik Kakarotski за песната „300 бензин 200 плин“ . Подоцна се појавува со проектот „ Времеплов“ заедно со Моника Стојкоска, за кој исто така се потпишува позади видео-спотот.Стефан е еден од основачите на New Tone и вели дека следуваат уште многу проекти и соработки.

Интересно за New Tone е тоа што всушност покрај аудио, работат и како видео- продукција, како за себе, така и за останати артисти.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...