14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаПожарникар од Штип доброволно тргнува за Хрватска да им помогне на настраданите...

Пожарникар од Штип доброволно тргнува за Хрватска да им помогне на настраданите од земјотресот

Штипскиот пожарникар Александар Ѓорѓиевски доброволно заминува да помогне по денешниот катастрофален земјотрес што ги погоди Петриња и други градови и села во Хрватска. Таму планира да им се стави на располагање на неговите колеги, хрватските пожарникари.

„ Пошто никој не се јави за Хрватска си тргам сам до граница ме носи Столе Штерјов, таксист од Штип, а 5 часот со автобус на Хисар тргнувам таму каде што сум потребен со чисто срце и Македонски манири. Газдата на Хисар, господ здравје да му даде, картата до Хрватска кога слушна за што ја вадам ми овозможи бесплатен превоз БЛАГОДАРНОСТ хумани луѓе! Бензинската Дади Компани исто се погрижи за таксистот и ми среди бесплатен превоз до граница БЛАГОДАРНОСТ хумани луѓе среќен сум ве има“, напиша Ѓорѓиевски на социјалната мрежа „Фесјбук“.

Тој претходно упати апел до Општина Штип и градоначалникот Николов, како и неговите колеги и други сограѓани да се стават на располагање на пожарникарите од Хрватска.

Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени при уривање на згради во силниот земјотрес којшто ја погоди централна Хрватска, оставајќи го градот Петриња во близина на епицентарот без електрична енергија. Спасувачите во темница ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. Засега нема информации за повредени македонски државјани во земјотресот, а министерствата за надворешни работи на двете земји се во постојана комуникација.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...