11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветСедумгодишно момче скокнало во запалената куќа за да ја спаси неговата сестричка(ВИДЕО)

Седумгодишно момче скокнало во запалената куќа за да ја спаси неговата сестричка(ВИДЕО)

Херојски потег на седумгодишно момче, кое се вратило во запалениот дом во Тенеси за да ја спаси својата помала сестра откако се запалила нивната семејна куќа.

Малиот Ели Дејвидсон скокнал преку прозорецот во спалната соба на неговата мала сестра откако неговите родители не успеале да го спасат 22-месечното девојче одвнатре.

Нивната мајка, Никол Дејвидсон, вели дека се разбудила рано утрото на 9 декември од мирисот на чад и наскоро нивната куќа била зафатена од пламен. Никол и нејзиниот сопруг Крис, двајцата поранешни пожарникари, прво се обиделе да го спасат Ели и неговиот 2-годишен брат Елаја, со оглед на тоа што нивната соба била најблиску до пожарот.

Но, чадот и огнот биле толку силни што повеќе не можеле да стигнат до собата на малата Ерин. “Излеговме да дојдеме до неа од прозорецот, но немав на што да стојам за да стигнам горе. Го зедов Елаја кој влезе низ прозорецот и успеав да ја грабнам од креветчето”, изјави Крис за телевизијата WVLT.

Тој вели дека не може да биде повеќе горд на својот син. „Бев исплашен, но не сакав сестра ми да умре“, рече храброто 7-годишно дете.

Иако никој од семејството не е повреден во пожарот, целата куќа на семејството од Тенеси изгорела во пожарот. Кампањата за семејна помош GoFundMe е започната минатата недела и веќе собрани повеќе од 330 000 долари.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена.

сакразам.нет

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...