11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЦаноски на судењето за „ТНТ“: Признај Миле кој те натера да го...

Цаноски на судењето за „ТНТ“: Признај Миле кој те натера да го срушите Космос!

На денешното рочиште за случајот „ТНТ“, односно за рушењето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, сведочеше неговиот син Сефер Цаноски. Пред да започне судењето тој му се обрати на обвинетиот екс министер Миле Јанакиески и бараше од него да признае кој го натерал да го срушат објектот, за да конечно запре десетгодишната голгота.

-Миле, признај кој те натера да го срушите Космос, признај и веќе еднаш да заврши оваа голгота, му се обрати Цаноски на Јанакиески.

Јанакиески пак му врати дека тој нема никаква вина и дека кога објектот се рушел тој не бил тука, туку на одмор. На ова доби реплика од Цановски дека и тогаш но и сега се уште се слепи послушници на Никола Груевски.

Цановски пред судот сведочеше дека мотивите за рушењето на објектот биле политички, а за „Фокус“ појаснува дека редно време е веќе овој случај да финишира.

-Помина речиси една деценија од рушењето на Космос. Лани ова време, во судница, Jанакиески призна дека објектот незаконски е срушен. На прашањето на еден од адвокатите тој рече: „Ако ме прашате мене Космос незаконски е срушен“. Адвокатот тогаш го праша дали добро го разбрал прашањето, а Јанакиески го повтори истиот одговор. На следното рочиште обвинетиот екс градоначалник Тони Трајковски го претепаа или самиот се претепа, па се смени поротничка и случајот почна од почеток, вели Цаноски.

Тој додава дека адвокатите денеска го прашале дали чуствува гнев или омраза.

-Кај нас нема ниту гнев, ниту омраза, бидејќи човек со гнев и омраза не може да живее 10 години. Тука има фактичка состојба која е кристално јасна, вели Цановски.

 

Fokus

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...