13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветАлбанија со помош од 250.000 евра за настраданите во Хрватска по земјотресот.

Албанија со помош од 250.000 евра за настраданите во Хрватска по земјотресот.

Владата на Република Албанија донесе одлука за финансиска помош во износ од 250.000 евра за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња.

Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на објава на социјалните мрежи напиша дека само што ја потпишал одлуката и објавува фотографија од одлуката.

„Само што ја потпишав одлуката на Владата на Албанија за донирање на 250 илјади евра на Хрватска за помош за обнова на Петриња по разорниот земјотрес. Хрватска е пример за отпор и модел за нас во нејзината неверојатна трансформација во горда земја на ЕУ“, напиша Рама.

Претходно албанскиот државен врв изрази солидарност со народот и хрватските власти и подготвеност да помогне во рамки на можностите.

Премиерот Рама во објава на Твитер напиша дека Албанија е блиску до срцето на пријателска Хрватска и ќе и даде помош во рамки на своите можности.

Претседателот Илир Мета напиша дека Албанија е до Хрватска со сите можни капацитети, како стратешки партнери, рамо до рамо во секој предизвик.

Солидарност со хрватскиот народ и тамошните власти искажаа и претседателот на парламентот Грамоз Ручи, како и Љуљзим Баша, лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...