13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа граѓаните Апасиев е лидерот на опозицијата.

За граѓаните Апасиев е лидерот на опозицијата.

Досега се нема случено лидерот на ВМРО ДПМНЕ да не биде на едно од првите две места кога се мери рејтингот на лидерите на политичките партии. Досега лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ биле или на прво или на второ место на сите досегашни анктети на кои е мерен и личниот рејтин на првите луѓе на партиите.

Имајќи во превид дека ВМРО ДПМНЕ е партијата од лидерски тип, каде секогаш лидерите на партијата (кога партијата победувала на избори) имале повисок личен рејтинг во споредба со партиски рејтинг, сегашната состојба со рејтингот на Мицкоски е загрижувачка информација, како за него лично, така и за партијата.

Телевизија Телма ги објави последните анкети на М-проспект, кои, за потребите на телевизијата и на МЦМС, оваа агенција ги направи во периодот од 16 до 24 декември. Анкетата е направена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.

Според таа анкета најголема доверба кај граѓаните има лидерот на СДСМ, Зоран Заев со 39,7 отсто, потоа следува лидерот на Левица, Димитар Апасиев со 29,7 отсто, на трето место е лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со рејтинг од 28,3 отсто, а Али Ахмети лидерот на ДУИ има рејтинг од 15,5 отсто.

Според анкетите граѓаните повеќе го препознаваат Димитар Апасиев како лидер на опозицијата отколку Христијан Мицкоски. Во ВМРО ДПМНЕ се веројатно свесни за овие трендови бидејќи веќе подолго време Апасиев е се помалку присутен во медиумите и во телевизијата под контрола на партијата кои се финансираат со унгарски пари.

Во врска со оваа анкета, Филип Петровски на твитер напиша-Прв пат во историјата на ВМРО ДПМНЕ од 1990 година нејзиниот претседател е трет на листата според довербата на електоратот.

македонски весник

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...