9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче -Има можност одредена количина вакцини да стигне пред Март

Филипче -Има можност одредена количина вакцини да стигне пред Март

spot_imgspot_img

Нема цена што Владата нема да може да ја плати за вакцината против Ковид-19, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче кој верува дека има можност и пред март одредена количина на вакцини да пристигне во земјава .Одговарајќи на новинарски прашање во Шуто Оризари, Филипче рече дека засега имунизацијата останува еден од најсериозните инструменти за сузбивање на вирусот и оти сите вакцини се апсолутно безбедни.

Истакна дека освен со Бугарија, Грција и Полска, се преговара и со Австрија, а паралелно со тоа течат и разговорите со производителите на вакцини. И преку Ковакс системот се очекуваат вакцини.

– Која вакцина ќе биде прва преку Ковакс системот, за жал не знае ниту една земја која партиципира во системот. Очигледно е дека сите земји кои преку Европската комисија имаа привилегија да ги добијат први вакцините, добија многу помали количини од она што очекуваа. Затоа овој систем на солидарност којшто беше предвиден, малку се одложува. Ние сме во комуникација со сите европски држави кои ги понудија механизмите за помош и верувам дека ќе има начин и пред март вакцините да стигнат во нашата земја, рече Филипче.

Согласно динамиката на производство на вакцините, Филипче очекува поинакви вести и од производителите на вакцини од оние кои досега ги давале за време на разговорите.

Прашан дали воопшто ќе биде потребна вакцина доколку вирусот природно исчезне, Филипче со став дека за да спласне вирусот потребно е да има имунизација со кој ќе се достигне степен на колективен имунитет од 60 до 70 проценти од населението.

–  Останува да ја следиме ситуацијата и како ќе се одвиваат трендовите – дали ќе има природен пад на целата падемија. Засега нема знаци дека спласнува вирусот во насока на целосно добивање на колективен имунитет така што имунизацијата останува како еден од најсериозните инструменти со кои ќе се смени сликата, нагласи Филипче.

Извор – За се

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...